свој (прид.) - традиционален (прид.)

Според оваа теза, Запад не само што го доведе светот до нивото на модерно општество, туку се доаѓа до ситуација луѓето што им припаѓаат на други цивилизации, прифаќајќи ја модернизацијата, воедно да го прифатат и западниот систем на вредности, а во текот на тој процес тие ги напуштаа своите традиционални вредности, институции и обичаи, за сметка на оние што се карактеристични за Запад.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Успешните жени ја напуштаат својата традиционална положба и земаат учество во работите монополизирани од мажите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Карактеристично за многу женски кариери е растргнатоста меѓу куќата, работата и училиштето, а со тоа и многукратноста на искуствата на жените.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Бешир како да беше проникнал во текот на мојата мисла.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Луѓето не брзаат, како да сакаат со својата бавност да го задржат летото кое и самото не брза на својата традиционална средба со солзливата есен, онаа есен во која човекот е далеку потажен што е сам отколку во пролетта.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Југословенските претпријатија го покажаа својот традиционален интерес за велесаемот и на него учествуваа со многу квалитетна стока.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ме пренесе на првите месеци од мојата мисија во Тунис, кога летото 1986 година Титовиот школски брод Галеб запре во туниското пристаниште на своето традиционално крстарење со генерацијата нови поморски кадети.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)