свој (прид.) - територијален (прид.)

Меѓутоа, Британците биле сосема свесни дека на балканските држави, освен моралната поддршка, не можеле да им ветат воена или друга материјална помош.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во денешно време архитектите во своите планови за големите куќи вклучуваат огромни дневни соби - “семејни соби” со список на работи во нив, па членовите на семејството се приморани да се борат за своите територијални права против инвазијата на објектите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Инфорамцијата на Донован како и информациите од британските разузнавачки служби, само го увериле британскиот политички естаблишмент дека било потребно што поскоро да стапат во акција и да изнајдат начин да ги убедат балканските држави да ги "заборават" своите територијални и национални поделби и да пристапат кон организирање на еден заеднички балкански блок за да можат да се спротивстават на германското напредување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)