свој (прид.) - тенок (прид.)

Пчелите одамна тропаат на вратите на сите видови цветови, а славејчето го извива својот тенок глас од рана зора до доцна вечер, скриено во мирисавите цветови и зелените лисја на разбудената природа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еден дел од лицето затскри со своите тенки прсти.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ноќва, од пределите на детството, би стигнало нашето црвено ждребе, за да го помилувам и кршејќи залаци леб да го нахранам, за потоа одново да се разигра виштејќи и потскокнувајќи и своите тенки копитца натопувајќи ги во месечината и со нив ставајќи златен печат врз детството.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Нашето црвено ждребе, нашата улава стихија, кога би се сетило на овие ливади и на оваа месечина ноќва - тоа со еден единствен скок би ја прескочило високата планина на времето која нѐ дели, би ги прескочило сите ноќи, значи, и сите одминати години, и би се покажало од некаде, би се растрчало и потскокнувало, би виштело од радости, и не знаејќи дека со своите тенки копитца тоа тропа на вратите на сите кои растеа и трчаа заедно со него, заборавени веќе и покриени со крвавото руменило на залезот...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Полека, за изненадувањето и неизвесноста да траат подолго, Ивона полека со своите тенки долги прсти ја одврзуваше црвената панделка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Почна да вика за помош, да плаче со своето тенко, пискаво гласче.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Во тесниот зрак на нејзината светилка, нè гледаше со едното око и полека го испружи својот тенок сивкаст јазик, оближувајќи ги своите огромни очњаци.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
„Не си ми рекол баш ништо“, царот ја испружи својата тенка рака за да ја допре блескавата хартија и костурот на направата што личеше на птица.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Дали името Мајкл Малоне нешто ти зборува?“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Будалче, промрморе таа следејќи ја линијата на моите усни со својот тенок прст пресвлечен со пластична фолија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И тогаш сѐ се урна. Повикував но никој не одговараше.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)