свој (прид.) - темен (прид.)

- Измислува, рекол изѕемнато Цене Папчев; непреспаната ноќ оставила под неговите очи дамки на своја темна крв. - Подмолно сака да нѐ трогне со лаги бутмишов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така човек се мрда по темнините и форфоресцира на мрачното дно на стварноста, осветлувајќи ја својата темна патека со сјајот на тие букви.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ноќта го пречека во својата темна челуст.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се разденувало, секој не можел по ден да им се враќа на мртвите и на заборавените.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега вечно ќе лежи над Долнец, само што не ќе го гледа азурот на езерото што самиот го создаде, со некоја своја темна енергија и внатрешна присила.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Пак се наведна над него и тој пак го виде своето темно лице во испупченото стакло на очилата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Седеше или лежеше во својата темна и мрачна одаја, уплакана и отепана од судбата, но не и скршена, беспомошно очајна.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)