свој (прид.) - темелен (прид.)

Националистичкиот кич ги прокламира своите темелни идеи: национален суверенитет и привилегираност на единката втемелена на соодветна крвна група.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Климент Камилски во својата темелна потрага по турските заемки, најмногу поаѓајќи од својот мајчин македонски јазик, а потоа и од балканските, во духот на својата првична замисла да се справи со опасните турцизми, се задржа на заемки кои често се среќаваат во разговорниот јазик (повеќето придавки) што се употребуваат како грди, срамни изрази.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Меѓу многуте тој ги издвои: абдал од арапски abdal, азган, аирс`з од турски хаирсиз, ајван турски hayvan, ајљаз од турски haylaz, арамија од турски harami, аџамија од персиски acemi, баксуз од турски bahtsiz, будала од арапски budala, билмез од турски bilmez, дембел од турски dembel, едепсаз од турски edfipsiz, зевзек од турски zevzek, катил од арапски katil, копук од турски kopuk, курназ од турски kurnaz, маскара од арапски maskara, муфтеџија од турски mfteci, намќор од персиски namkr, пезевенк од турски pezevenk, резил од арапски rezil, сарош од персиски sarhoş, тамавќар од арапско-персиски tamahkar, туткун од турски tutkun, ќелепур од турски kelepir, ќерата од турски kerata, угурсуз од турски ugursuz; шејтан (ѓавол) од арапски şeytan; шерет од арапски şeret; шапшал од турски şapşal и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Филмовите од овие три етапи веќе на прв поглед се разликуваат според својот темелен „тон”: така, за англиската етапа е карактеристично напнатото, питорескно збиднување во кое во брзо темпо се сменуваат трагичното со комичното и во кое, секојпат во текот се вплетува мноштво од „реалистични” детали (заради што, оваа етапа најмногу им лежи на срце на традициона­листички насочените левичарски теоретичари на филмот, например Sa- doul); меѓутоа, за „Селзниковата” етапа (од „Ребека” па натаму) поголемо значење има женската нота (во најголемиот дел од овие филмови, настаните се раскажуваат од женска перспектива - „Ребе­ка”, „Маѓепсаниот” - или пак жената е средиштето на збиднувањето на настаните - „Во знакот на јарецот”), и рамномерниот, нагласено мелодраматичен ритам и на рамништето на истиот, ладен формализам.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Една од целите на Neu Slowenische Kunst е да се докаже дека апстракцијата, која во својата темелна филозофска компонента - супрематизмот - го толкува и отфрла политичкиот јазик на глобалните култури од јазикот на културата и уметноста, содржи општествена програма која е примерена на потребите на модерниот човек и заедницата.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
При тоа сфаќам една своја темелна грешка.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)