свој (прид.) - телефонски (прид.)

И се каеше што не му го запиша својот телефонски број евентуално да ѝ се јави, но не многу зашто предполагаше дека неговото отсуство нема да трае повеќе од десетина дена.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Покрај неколку скапани штици и ’рѓосани железа, во некогашната правлива гаража доминантен објект беше каросеријата на еден исто така бивш камион, кој сега со излупена боја, без прозорски стакла и тркала, заринкан во валканата темница демнееше како препотопско сениште, како страшен тотем на некоја изумрена цивилизација.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Потоа, со истата чујност и одолжување, таа се предава на својот телефонски разговор, односно монолог, со израз наеднаш изменет од рамнодушен кон заинтригиран, наполно бришејќи ги патниците од својот видокруг.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Да му го дадеше својот телефонски број, можеше да му рече и да и се јави од некаде.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)