свој (прид.) - творечки (прид.)

Ова е добра поука, треба сомнежот и рационалноста секогаш да ги држиме будни затоа што можеме лесно да бидеме заведени од вербата дека токму ние сме појавата која со својата творечка моќ ќе му помогне на театарот да ги надмине кризните моменти.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тој го манифестира својот вкус и како способност за јавен интелектуален став со кој од еден социо-историски и културен контекст може да се проценува и оценува убавото и вредното во уметноста, нагласувајќи постојано дека „сомнежот и рационалноста секогаш треба да ги држиме будни зашто можеме лесно да бидеме заведени од вербата дека токму ние сме појавата која со својата творечка моќ може да му помогне на театарот да ги надмине кризните моменти“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Многу од авторите кои сакаат своите творечки изјави да ги пласираат како постдрамски ќе кажат дека најдобро дело е она што не е напишано со зборови.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Уште од самиот почеток, од насловот кој е извлечен од стихот на една песна на Хелдерлин, новинарката што го водела интервјуто, не наведува на ставот на филозофот кој за кризата вели дека е време на неизвесноста, но и најава за појава на нови сили кои би ја употребиле својата творечка моќ.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Токму како што Каменот на мудроста, иако “на сите познат” бидејќи е “под вас, и блиску до вас, и над вас и околу вас” (Artis auriferae) го препознава само посветеникот, така и животот е истозначен со тајната вештина, само доколку можеме да ја разбереме.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во неколку интервјуа, на прашањето со што се занимава, Duchamp одговараше “Дишам”, на тој начин поистоветувајќи ги своите творечки можности со самиот живот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во своите творечки периоди тој дух не бил ниту монолошки ниту дијалошки.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Но кога е веќе обврзан да одговори на едно од најчувствителните прашања – за посебноста на својот творечки опит, мене ми се стори дека е најприродно тоа да се направи посочувајќи на некои од поинтересните теоретски стојалишта за поезијата и посебно назначувајќи ги оние кои му се поблиски, поприемчиви.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Сето ова во најголем број случаи, поетот не мора да го знае но, тој го чувствува, тој тоа по една законитост, по силата на својот творечки инстинкт и имагинација го прави, го созадава.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Од ден на ден, со упорна работа, го привикнував својот творечки механизам кон плавно, спокојно кажување.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Одредени овошки примаат одреден калем и Чинго го нашол за своите творечки намери соодветниот калем.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но, во текот на своите последни дваесет и три години Хичкок работеше во Америка; повеќе од половината од својот творечки живот го помина во таа земја.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
За време на студиите го започнува својот творечки пат на писател кој ќе внесе бројни иновации во американската и во светската книжевност.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се смета за родоначалник на детективскиот и на криминалистичкиот книжевен жанр.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во тој говор, тој го опишува јадрото на својата творечка лабораторија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Палермо во кој луѓето се борат со ножеви и во кој свират гитари талкаше (како што ми рекоа) зад аголот, но оние кои ги населуваа моите утра и внесоа прекрасен ужас во моите ноќи беа слепиот гусар на Р. Л. Стивенсон, кој умира под коњски копита, и предавникот што го напушта својот пријател на месечината, и патникот низ време кој од иднината донел белузлав цвет, и духот многу столетија затворен во Соломоновиот ќуп, и Пророкот под вел од Курасан кој ја криеше својата лепра под вел од бела свила проткаен со скапоцени камења.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Вистина е дека сум одгледан во градина, зад долга железна ограда, и во библиотека со безброј англиски книги.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Рече: „Долги години верував дека растам во едно предградие на Буенос Аирес.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)