свој (прид.) - стратегиски (прид.)

Сето тоа заедно Британија настојувала внимателно да го следи и во одделни моменти да го искористи за остварување на своите стратегиски цели.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Французите си имаа свои стратегиски цели, ама ни ја посадија Европа со сите нишани.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Французите го зазедоа Поградец за време на Првата светска војна, во есента на 1917 година, откако ја формираа, во Корча, Француско-албанската Република, се разбира, поттикнати од своите стратегиски цели.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Меѓутоа стариот Бургиба, кој му ја донесе независноста на Тунис, како фанатик на политиката чекор по чекор по мирен пат благодарение на својата стратегиска мудрост ја обезбеди првин автономијата, па потем неизоставната независност на својата земја, но и како признат мудрец во земјите на третиот свет, и покрај болеста и изнемоштеноста, ќе го најде вистинскиот мудар совет за својот забрзан гостин: Пријателе Арафат, да сум на ваше место, јас би ја искористил историската шанса за да ги кажам вистинските историски зборови пред преставниците од целиот свет!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Арафат тие денови беше во целосен револуционерен залет и занес.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)