свој (прид.) - старечки (прид.)

-Во својата старечка алчност тие создадоа економски систем што ја фаворизира староста пред младоста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
-Тие на секој начин се обидуваат да наметнат роботска униформност а да ја скршат различноста, индивидуалноста, и независноста на мислењето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
-Во својата алчност, тие воспоставија политички системи што ги принудуваат младите да бираат меѓу пластичната униформност и очајното отуѓување.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој, со своите старечки очи, уште ги наѕираше контурите на оние мили образи, што ги впивал во себеси дваесет и седум години и од кои му беше тешко да го оддели својот поглед.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дедо Иван немаше внучиња, така што во неговиот однос кон Бојан имаше нешто вистински дедовско, преку врската со Бојан тој го живееше и остваруваше односот дедо-внук, во среќавањата со него ја подмладуваше својата старечка душа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)