свој (прид.) - специфичен (прид.)

Меѓу бројните психоактивни супстанци кои ја менуваат состојбата на свеста, поради своите специфични фармаколошки својства и едноставност во примената, посебно интересирање предизвика наркотичкиот гас азотен оксидул.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Истанбул е полн со ноќни локали, со кабариња, со барови и со своите специфични расторанчиња кои работат само ноќе и во кои можат да најдат разонода доцните ноќни гости, или морнарите од сите светски мориња што ги собра во своите пристаништа Босфорскиот канал и „Златниот Рог“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Амстердам има и друг свој специфичен белелег - „хипиците“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Даворин од „Индекси“ со својот специфичен глас ја пееше „Не дај се срце“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Литературата не е соучесник во овие процеси, туку по налог на својата специфична функција таа е само сведок, честит и храбар сведок, којшто не молчи туку гледа и кажува, добро гледа и добро кажува и трајно посведочува.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во својот специфичен свет сакаше работи што можеа да ѝ доликуваат само нејзе. Прекрасно размислуваше.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Овој процес не е воопшто случаен, туку се работи за плански изведена политика која доликува на една капиталистичка земја на периферијата, која заради својата специфична геополитичка положба е принудена да прави отстапки на меѓународната капиталистичката класа која секогаш доаѓа да инвестира каде што ќе добие државна помош и каде цената на трудот ќе биде доволно ниска за висината на профитот да биде осигурана.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Ако е точно тоа што го тврди Дарио Гамбони дека своеволното уништување на уметничките дела е законска тема за историчарите по уметност и критичарите, тогаш, секако, ваквите чинови мора да се проценат и вреднуваат, секој според своите специфични услови.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во споредба со студените реконструкции на Феликс Гмелин, бруталниот чин на Бренер изгледа како регресија кон веќе застарено поглавје од историјата на уметноста, а невкусната одбрана на Полити ми изгледа малку повеќе отколку празните соништа на старецот за повторно добиениот радикализам.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но, работодавачите најдоа свој специфичен начин на изигрување на оваа законска одредба – а тоа беше преку носење на т.н. нова систематизација на работните места, во којашто, намерно, го изоставаа работното место на работникот кој бил прогласен за технолошки вишок, или, пак, само го преименуваа – сѐ со цел да прикажат дека не станува збор за истото работно место. 40
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Опусот на Кафка има извршено силно влијание врз прозата на ХХ век со својата специфична, нестварна, ирационална и фантастична, т.н. кафкијанска атмосфера.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Неговите раскази се стекнале со углед уште при нивното прво објавување.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)