свој (прид.) - словенски (прид.)

И слушам: - Господин министере Рендис, вчера во мојот штаб дојде еден војник и ми се пожали дека неговиот татко е интерниран затоа што си го зборувал својот словенски јазик.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
На банкетот со акламација била прифатена дадената иницијатива за свикување конгрес на кој ќе се изврши обединувањето на Американците од словенско потекло.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Присуството на банкетот на претставниците на сите словенски организации, за првпат од нивното доселување во Америка и со една единствена цел, да најдат заеднички јазик за да им помогнат на своите словенски браќа во татковината кои се бореле против фашистичките агресори, имало огромно значење.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)