свој (прид.) - слободен (прид.)

Пред триесет години нејзините очи не се наполнија со солзи кога тој потврди дека ја зема за жена по своја слободна волја и дека се обврзува пред Бога да ја љуби за навек.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Мотото на Вујовиќ – која досега има учествувано и во неколку работнички штрајкови и други облици на протест – е дека работникот мора да се бори за своите права, бидејќи таквите работници – колку тоа да звучи парадоксално – и самиот работодавач повеќе ги цени. 1.  Интервјуто го водеше Ива Михајловска, на 29.I.2011, во Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тогаш тој ги прекрсти нозете префрлувајќи ја левата нога преку десната и истовремено високо ја крена својата слободна лева рака.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Сега, на венчавката на девојката во бело застаната пред нив, ќерка им, по движењето на шамичето во нејзината рака тој знаеше дека, конечно, жена му плаче од среќа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Она што го сметаш за свој слободен избор е само слепо сфаќање на она што други ти го нудат.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Архивскиот број под кои е заведен предметот во Основниот суд Скопје I – Скопје е: IV П.бр. 1352/00. 2.  Работниците имаат право – по свој слободен избор – да основаат синдикат и во него да се зачленуваат, под условите пропишани со статутот или правилата на тој синдикат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Целта да се добијат позитивни податоци од сите оддели на науката, не само за нас лично, а како народни членови, ќе треба да го натера секого од нас да ги посвети своите сили, сето свое слободно време за изучување на сите тие науки што се најнужни за нашиот народ и што бараат најмногу работа, зашто за полесните секојпат ќе се најдат доста доброволци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)