свој (прид.) - слаб (прид.)

Уште на другиот ден Крчо ги навираше своите слаби раце во големите нови машки калци, на кои Нешка навезе и две букви: Н.К. за да се потсетува Крсте од кого се и да му ја потврди својата желба дека така сака да се вика Неда Крстева.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но сега тешката железна рака милостиво го олабави стегањето на неговите гради и тој повторно тивко си го слушаше срцето и тоа сега не беше како тапан што бие, туку беше како треперлива птица што удира со своите слаби крилца во ѕидовите на кафезот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Неговото негодување од поведението на учениците од класот било толку големо што тој демонстративно ја напуштил Гимназијата, не сакајки да ги гледа на куп своите другари соучесници кои, со својот слаб карактер, брзо се решиле на предавство.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)