свој (прид.) - скромен (прид.)

Напред, пред булуците, радувајќи му се на патувањето, палавеа шарпланинците, горе, над булуците, пред преполнетите очи и срца на пелагониските селани, кои ги истеруваа на паша своите скромни стада, како бели водоскоци рипаа јагнињата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- За ручек ќе испржам сланина! - рече, дојадувајќи го својот скромен појадок.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа е една од маѓесностите на нашата држава за чие создавање и јас го имам дадено својот скромен удел без кој таа ќе беше невозможна.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Другата работа беше во куќата на една деведесетгодишна старица во инвалидска количка, која се фалеше дека секој од своите последни триесет родендени го славела со нов магионичар.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ви ја нудам својата скромна помош. Ви ја нудам својата рака.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Онака како што предвиде, нејзиниот сопруг излезе со задоцнување од половина час од својот скромен стан во населбата Хорта за да ги заврши трите договорени работи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)