свој (прид.) - сигурен (прид.)

Лудвик гледаше во мене, во моите солзи, ги бришеше, и ме тешеше; замислете, господин судија, тој мене ме тешеше, наместо јас него; тој си одеше; немаше ништо пред себе, одеше во целосна неизвесност; ние пак се враќавме во својот сигурен и предвидлив свет.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Надмоќните ја користат својата сигурна положба: делат сомилост или те дотолчуваат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Беше доста далеку, дури и премногу далеку за секој друг да ги нанишани на таа далечина, но беше исто така неминовно и за сето време тој мислеше на својата сигурна рака.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Волкот ја гледа мирно својата сигурна жртва.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)