свој (прид.) - семеен (прид.)

Сега можеше да си го дополни своето семејно стебло кое, некогаш, залудно се обидуваше да го направи, со помош на својот најстар син кој успеа да го состави семејното стебло по Таткова линија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Со денови, со месеци, траеше Мајкината потрага по своето семејно стебло.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Има - пишува Стег - во Солунскиот вилает околу 350.000 илјади христијани, од кои 220.000 егзархисти и 130.000 патријаршисти, кои што употребуваат еден словенски идиом во својот семеен живот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Прицврстен за своето семејно стебло од кое се храни, заслепен од листовите кои го опкружуваат, неговото битие не ја запознало безграничноста на просторот во своето време на формирање.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Задуман во своите семејни проблеми, Томо трагаше по мисла која ќе ги потисне овие проблеми.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)