Го испи пивото, ги изнакажа своите сексуални способности и сам замина накај дома. Сигурно брзаше да се закачи на чат.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Намерата (искажана со невидена мирнотија) е да го реши својот сексуален проблем така што ќе престане да му се згадува сексот со девојките, затоа што со истиот испробан метод престанува да му се гади од татка си, откако ќе појде на чешмата и добро си ги измие рацете... (Што, по ѓаволите?!..)
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Фројд заклучува дека „би било незамисливо... човек да го користи името на својот најверен пријател во животинскиот свет - песот - како пцост, да не постоеја двете особини кои го навлекоа презирот кон тоа животно: станува збор за животно коешто има доминантно сетило за мирис, коешто нема страв од измет и не се срами од своите сексуални функции.”**** **** Sigmund Freud, Civilization and its discontents. 14 okno.mk Наспроти животното, човечкото суштество, со својот исправен од, не ја губи само способноста за душкање, туку и можноста за анимална копулација.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Фактот дека ти се допаѓа некоја славинска рачка многу открива што е за тебе господско, елегантно, отмено или шизичко, а тоа значи дека многу кажува и за твоите општествени стремежи, како и за општествениот сталеж од кој потекнуваш.379 Но не е тоа сѐ што кажува.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа им додаваше тежина и авторитет на поеволуираните, на поискусните и на порадикалните припадници на локалната заедница.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А така процесот на аутирање го усогласуваше со постепеното раскрстување со традиционалните хетеросексуални, конзервативни, главнотековни претстави за правилниот начин на живеење.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако надвор од своите сексуални животи ние гејовите сме исти како стрејтовите, тогаш мора да е само стереотипна илузија тоа дека геј-мажите необично сакаат да бидат реставратори на куќи и старинари – или да се занимаваат со внатрешно уредување, да бидат цвеќари, фризери, модни креатори и така натаму.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако бродвејскиот мјузикл имал обликувачко влијание врз карактерот, светогледот, вкусот и вкупната сентиментална градба на протогеј-детето што растело во 1950-тите, тоа е затоа што му овозможувал фигуративен јазик со кој ќе им дава систематски и јасен израз на „оние претсексуални стварности на геј-искуството“ што му го обликувале субјективното постоење во таа непријателска средина (26; додадов курзив за да го нагласам Милеровото инсистирање дека може да постои геј-искуство пред сексот – односно дека, бидејќи „геј-искуството“ вклучува многу димензии на субјективниот живот што ја надминуваат истополовата еротичност, возможно е да му се припише конкретно геј-искуство на дете кое допрва треба да изгради некаква јасна слика за насоката на својата сексуална желба што ќе се јави понатаму).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но на повеќето од новите жители во геј-гетата заедничко им беше искуството на учество во еден нов, радосен и невиден општествен експеримент: создавањето заедница околу хомосексуалната желба, геј-сексот и геј-идентитетот.443
Тој општествен експеримент излезе кратковечен.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Со тоа што ми го дало на располагање поимот „геј“, движењето ми дало начин да ја именувам сексуалноста без да ја опишувам и без конкретно да се осврнувам на своите сексуални желби, чувства и практики.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Иако дечките што изгледаа како обични дечки, на кои се гледаше старомодна, стандардна мажественост, честопати беа еротски објекти на цена, многумина од новајлиите во геј-гетата постепено доживеаја разубедување од своите старомодни, рустични, паланечки, непросветлени гледишта – од своите „емоционални јанѕи“ и од „неослободените“ ставови – вклучително и од придржувањето кон крутите родови стилови, кон несоодветните романтични мечти, кон рестриктивната сексуална моралност, кон политичката конзервативност, кон божемната чедност и кон други малограѓански вредности.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Нужна беше психичка деколонизација: геј-мажите требаше да ги распознаат и да ги отфрлат туѓите, несоодветни претстави што околната култура на хетеросексуалноста им ги всадила во умовите.
Многумина геј-мажи ја отфрлаа радикалната идеологија на машкиот геј-живот, да нема збор, а многумина формираа свои подгрупи во рамките на геј-заедниците според своите сексуални вкусови, родови стилови, идентификации со конкретна општествена класа, политички симпатии, морал, вредности, интереси и навики.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Дај немој да ми кажеш дека сум се омажил за некој што мисли дека ова е убава санитарија“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Здраво посрамен и понижен, како и со чувство на разголеност и на непријатност, ќе се обидев да се извадам од глибот, ќе си го повлечев предлогот и ќе го уверев дека не сум мислел и не сум гледал како што треба кога сум го пофалил предметон – макар што не сум сигурен дека воопшто можев да се извадам од толку упадливо откривателна грешка, откако веќе ја направив.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
На крајот на краиштата, геј-идентитетот навистина барем ја признава геј-сексуалноста до степен што инсистира на истополовата сексуална привлечност како дефинирачка одлика на геј-идентитетот и навистина дава општествена основа врз која можеме да се возгордееме со своите сексуални врски и сексуални субјективитети.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто, не само што сум му се огрешил на вкусот; сум открил таму и нешто срамно за целата своја личност, вклучително и за својот сексуален субјективитет – нешто што дотогаш не го насетувал дури ни мажот со кого живеев и спиев веќе некое време. (Добро, можеби потајно цело време се имал сомневано, но, ене, сега имаше несоборлива, гадна потврда.)
Ако тоа што ни се допаѓаат некои културни предмети и артефакти може да ни ги открива не само вкусовите туку и идентитетите, така е зашто нивниот естетски стил го прoбликнува цел симболизам, кој досегнува до родот и сексуалноста – симболизам што е и опиплив и мошне тешко објаснив.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)