свој (прид.) - свет (прид.)

Длабоко навредените, оскрбените, грешниците, покајниците, осамените, јадосаните, очајниците, неутешените во љубовта и во загубата на најмилото, луѓето исправени пред неизвесноста и ризикот на следниот чекор, животните корабокрушеници, - сите, сите доаѓаа тука и на дивината наоколу, на небесата над Потковицата, на овчарите и на случајните намерници, лелекајќи гласно им ги доверуваа своите тајни и несреќи, своите болки и загуби, своите намери и решенија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со својата света неприкосновеност ги регулирала меѓучовечките и социјалните односи, ги прочистувала срцата и душите, го крепнела менталното здравје на луѓето, нивната вера и надеж во бога, во сполуката во бојот, во вредностите и вечноста на човека.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Европа нема своја света книга, па затоа нема и баштина.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Конечно, по стотици непроспиени ноќи, го пронајде својот свет грал. Надежта беше дарувана со реалност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Татко, внесен во своите свети книги, стравуваше најмногу за судбината на својот албански народ зашто, троверен каков што беше, лесно можеше да се најде на трагичните распаќа на историјата, лесно ќе го престројуваат на погрешната барикада, лесно ќе асимилираат него­ви делови за сметка на другата вера, ќе го натераат да ги брани границите кои го разделуваа со своите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Вполноќи некаде, легнати на брегот, ја бакнуваат својата света почва во која ништо не догорува и слушаат како шкрипи на ветрот некоја подотворена врата, И замирисува некој исушен цвет во заклетвите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ко што се бура надига, чајките кога прелетат, така се млади надигат за свое свето огниште.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
На Махмуд Дарвиш таа година народот на Македонија во својот свет храм му го подари најсветото што можело да му се подари на еден поет - неговата тиха сина светост и тишината на истрајбата во времето, како пристан во враќањето од егзил на поетот во прегратката на човештвото...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Оваа запрашаност ќе го следи поетот, венценосецот Махмуд Дарвиш на заедничката поетска молитва во заедничкото присуство (Рене Шар) на сите обединети гласови на човештвото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Осамениот Еразмо, полека, воден од својот Свет дух, се упати кон привлечната бела топка, смеса од облаци, снег и магла, во чија што внатрешност не се распознаваше ништо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)