свој (прид.) - редок (прид.)

Му замина во пресрет, чекорејќи бавно и полека палејќи една од своите ретки цигари.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се најде себеси, исправен, со пушката в раце, како со прстот в уста, доста подоцна, откако оној голем самјак се искри зад сртот, и сѐ што можеше да стори, беше да запали уште една од своите ретки цигари, а за сето време, додека повлекуваше од лутиот чад, во него се надигнуваше еден друг инает, кој за миг го смени она глупо чувство и го исполни до врвот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Судбината сакаше Татко и Мајка, во своите ретки патувања, да се сретнат со клучни личности на тогашните времиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)