свој (прид.) - редовен (прид.)

Стале облетува околу отец Арсенија, го служи и кога овој не заповеда, а и својата редовна работа околу авурот, воловите, коњите, кравите не ја остава поназад.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Иако редовно плаќа членарина таа, генерално, не е запознаена со работата на синдикатот, ниту пак е активно вклучена во некакви синдикални активности.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во август 2006-та, вршејќи ги своите редовни работни задачи на работното место, Ф.И. без своја вина доживува повреда при работа (несреќен случај / vis maior).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како и другите , и јас многу време поминав по џез-клубови, цевчејќи ја својата редовна доза од минимум две пива.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Убави обичаи, убави времиња за старите ветерани...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Има еден пример (изнесен во книгата на Роже Перфит, Амбасадори), за еден стар дипломат, кој откако служел успешно во десетина значајни земји во светот и му минал нормираниот век на служење, не можејќи да се помири, без да служи и натаму на дипломатијата на својата земја, не престанувал да го опсипува министерот, министерството за надворешни работи, со своите анализи, предлози, стратегиски визии и што не, како да бил и натаму на својот редовен пост!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)