свој (прид.) - професионален (прид.)

Иако навидум сѐ беше в ред, сепак, Рада размислуваше и за својата професионална иднина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Додека со „тикото“ се враќавме по „Партизанска“, си мислев на сегашната кастрирана еснафска фела, туку во „метрополата“ Скопје и во другите македонски градови со долга еснафска традиција, значи – на лекарите, инженерите, новинарите, научниците, уметниците, т.н. „факултетски образован“ кадар, кој, со мали исклучоци, е минимизиран, преку економска присилба, во своите професионални и креативни можности.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но, љубовникот, ако се приближи, може да биди дека од закрилата на тешкото актерство тело ѕирка главичка со зашилени уши на една чивава што се обидува да лае.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Насмевката, толку моја по карактеристичното потреперување нагоре на краевите на усните, нималку не се промени во својата професионална, скоро рамнодушна пресретливост.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Своите разни деца ги испратија низ колеџ, своите родители низ нивните последни денови, своите професионални кариери ги доведоа преку задоволителни врвови до едно плато, а потоа на прифатливо благи падини и/или до пензија, како и своите тела со високи перформанси и бројните задоволени барања.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Геј-мажите не треба да клонат од нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа склоност деновиве злокобно се засилува со модата да се сместуваат сексуалноста и родовиот идентитет во генетиката, во геномиката, во работењето на мозокот, на невралните патишта и во когнитивниот развој – склоност што често ја спорат психолозите и психијатрите, кои во когнитивната наука гледаат опасност за својот професионален авторитет, како и за својот дел од доходовниот пазар.342 Мојот пристап кон геј-културата е устроен да им противречи и на едниот и на другиот пристап: неговата методолошка цел е да спори и против биолошкиот и против психолошкиот редукционизам. ‌За Фелоуса, машките геј-културни практики се природни изрази на половата меѓупросторност и ја откриваат природната суштина на геј-мажите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој зборува за „суштински начини“ на кои геј-мажите се разликуваат од стрејт-мажите, за „природи на геј-мажите“, за „геј-сензибилитет“ како „суштинска страна на човековата природа“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Предизвикот за квир-студиите е да ги објасни преку општествена анализа, наместо да му ги припишува на природниот поредок на нештата. ‌Зашто не е баш веројатно дека културните практики имаат корен во природата, па секој обид потеклото да им се смести во природите на геј-мажите само ќе ги направи недостапни за натамошно критичко испитување, бидејќи ќе имплицира дека нема што да се објаснува освен природните факти на работава, ќе нема што да се оди подалеку од тоа како природно си стојат работите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Беше служба која ја наметнуваше својата професионална супериорност, пред прагматичните интереси на политиката, заснована често врз правото на поголемата нација.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во својата професионална кариера како дигитален уметник, Попоски има реализирано над 30 изложби во САД, Германија, Франција, Италија, Австрија, Словенија, Македонија, Косово, Бугарија, Турција, Полска и Порторико.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Остварил и студиски престои во Берлин и на Школата за визуелни уметности во Њујорк.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Правото да го бираат својот декан на факултетите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го сакаа правото да ја планираат својата професионална кариера.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Правото да бидат будаласти и да се забавуваат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)