свој (прид.) - препознатлив (прид.)

- Шо ќе пиеш??? - го прашав Гоцка - Шо пие кафана тоа и ја ќе пијам - и се насмеа на глас притоа покажувајќи ги своите препознатливи коњски зуби.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тука Хорацио, за прв пат откако седнав на клупата до него, се насмеа на својот препознатлив начин – широко, гласно, тупкајќи ме по рамото: Баш така, миличок. Црв во газот!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Втемелувањето свој препознатлив поетски идентитет во татковината на јазикот на кој се пее, значи две нешта истовремено: исклучителна поетска дарба и решителен чекор во универзалното и вечното - сон на секој творец.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Рака на срце, тогаш таа беше со разобличено тело, со мев до заби но, сепак, сметаше на својата препознатлива широка насмевка заради која тогаш, пред многу години, доби комплимент токму од Снежана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)