свој (прид.) - прекрасен (прид.)

Така, освен местото на раѓањето, Одеса, и своето величествено име, Лев Фјодорович Баратински практично не понесе ништо од својата прекрасна татковина.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Потоа ќе ја исчешла својата прекрасна коса, ќе ги нашминка своите прекрасни очи.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Неговото срце се топлеше со љубов додека животинчињата ги креваа малите главчиња и ги насочуваа кон него своите прекрасни мали очиња што немаа капачиња.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Со својата прекрасна, кротка насмевка ни го разубави денот на сите. Добриот чичко со лопатата!
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Мегалон, затворен во својот прекрасен дворец, од утро до вечер сметаше и пресметнуваше колку пари ќе му донесат неговите житни полиња, неговите маслинарници, неговите бродови.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Ќе биди жакето до сабота?“ и ја рашири својата прекрасна бујна насмевка со длабоко, сочно зрачење низ големите округли топли очи со долги трепки и широки веѓи, гушкајќи ја сестра си. ***
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Го обли топлина во која за малку не се стопија неговата брада, мустаќите, неговата дебела шапка, па и снежната куќа во која живее со своите прекрасни елени.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Со својата прекрасна, кротка насмевка ни го разубави денот на сите. Добриот чичко со лопатата!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)