свој (прид.) - празен (прид.)

Колку за семе останаа и машки и женски, макар половината; може и преку половината изумреа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но, нешто во него не му даваше, заради својот празен сандак, да дозагуби докрај сѐ свое за ловот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сонцето ги извлечка од земјата копривите, штавеот печурките и други билки од кои можеше да се свари зелјице и да се фаќа нова крв, та така децата по цел ден береа зелје, полжави, копаа корење од диви кочани и сосем земја ги полнеа своите празни стомачиња.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Винстон остана седејќи една минута, загледан во својата празна чаша, и одвај забележа кога неговите нозе го изнесоа повторно на улицата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)