свој (прид.) - постар (прид.)

Тогаш таа трагаше по последниот можен релеј до своите, преку својот братучед Фетхи-беј Окијар, тогаш амбасадор во Лондон, со цел да го префрли својот постар син повторно во Цариград, а потоа и помладиот син и ќерките.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во изборот, молчаливо, студентот пројави критичен однос спрема вкусот на својот постар колега, зашто посочи сосем други работи од тие пред кои овој особено се задржуваше.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Се грабаат за здрвени машки свеќи“, се обиде да го разбере својот постар пријател и учител Геле Накотник т.н. Чарли.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Го чувствував како свој постар брат во животот, како собрат во неизвесната творечка одисеја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Многу го сакаше Анѓа својот постар брат, ама не помалку го сакаше и своето братче Ангелета.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кадијата пак ги повика да дојдат, но децата само плачеа и гледаа во својот постар другар.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но Гого, и да сакаше, немаше да бара протекција за синот, кај истите оние свои постари колеги што не го примија на времето во своите редови; а пак, во меѓувреме, и неговото презиме ништо повеќе не им значело и денес, за да му попуштат на детето во приемниот испит.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Откако господинот Гологанов кој, како и најчесто, беше дојден сам, седна во фотелјата наспроти својот постар колега, кучето клекна на задните нозе пред него упорно и трајно гледајќи го право в очи.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Мајка се радуваше на средбата со својот постар брат Илјами, со својот полубрат Бубуш, ја запознаа неговата сопруга Афрдита, од славното семејство Упи (Ypi), ученичка во францускиот лицеј во Корча и дипломка во Италија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)