свој (прид.) - помал (прид.)

И покрај сите вакви збунувачки размисли, за нас смртта не е веќе она што претставувала за татко ми оној ден кога го пронашол својот помал брат во сенката на една од крушите кај Желкин рид потпрен со грбот на стеблото на престарената круша и со матарка вода во раката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Стариот велеше дека имал впечаток оти неговиот помал брат си заминал од овој живот без да е свесен за тоа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Уште поопасен изгледаше Богоја и затоа што тој секогаш, ама секогаш беше во друштво на двајцата свои помали браќа, близнаците Петара и Павлета.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се сети на Френк кој сам ја надгледуваше работата и бран на приврзаност ”за својот помал брат” се разбранува низ неговото битие.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)