свој (прид.) - полн (прид.)

Пролетта бликаше во својот полн сјај.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
„Нашиот Пурим” Алегра ја нарекуваше нивната свадба што ја очекуваше со нежната женска душа, но и со сѐ порастрепереното тело со кое таа сѐ повеќе копнееше по него со една чиста и исполнета љубов што извираше длабоко од неа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа му се доближуваше со насмевка, му го вадеше метрото префрлено преку шија, го фрлаше врз машината за шиење со движење како да го соблекува и ги подаваше усните кон неговите, а тој збунето погледнуваше зад малиот излог на дуќанот и откако ќе се увереше дека нема никој, ја гушкаше и ѝ ги возвраќаше бакнежите со своите полни усни.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој е израз на еден силен плурализам на вредности, во својата полна слобода на избор и одлучување; иако досега вистинскиот европски дух - во создавање, во општествени групации - секогаш траел кусо, сепак бил можен само тогаш кога изразната сила на сите европски точки на духовна концентрација, па и ако тие се нарекувале Фиренца, Рим, Мадрид, Лондон, Париз, Минхен, Нирнберг, Виена, Брисел, Антверпен, Харлем, Прага, Варшава, Москва итн.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)