свој (прид.) - покоен (прид.)

Во тој момент таа се сети на својата покојна бабичка; кога ќе падне ѕвезда, збору­ваше, некој умрел, една душа застанува пред бога.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Говореше со многу почит и со чувство за својот покоен шеф кој ѝ овозможил убаво работно место со можности за вонредни приходи, благодарение на што можела не само покомотно да живее туку и да ги одржува и развива своите склоности кон убаво облекување, накит и поскапи парфеми.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Помеѓу разведен и вдовец, подобар избор е вториов, зашто тој сѐ уште ја мрази жена му повеќе од сѐ, па секако ти ќе бидеш подобар избор; а овој во црнина, тргнувајќи од тоа дека за покојникот се зборува само најдобро, ги заборавил сите кавги со својата покојна и, идеализирајќи ја, ја кренал на ниво на безгрешна, па ако него го избереш, секогаш ќе те споредуваат со идеален партнер.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)