свој (прид.) - познат (прид.)

Најпознатиот мегу нив Самјуел Тејлор Колриџ, се претпоставува дека својата позната поема Кублај Кан ја напишал после будење од опиумски сон, во кој јасно го видел легендарниот град Ксанаду (Xanadu), кој бил соѕидан од славниот монголски кан и кинески цар.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Стеван Петровиќ ДРОГИТЕ И ТВОРЕШТВОТО Грчкиот филозоф Сократ, во својата позната одбрана пред судот вели: „После државниците, им се обратив на поетите...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Бодлер (Baudelaire) на едно место во својата позната Поема за хашишот вели: “...односите меѓу поимите стануваат лабави, а основната нишка што ги поврзува вашите замисли е толку истенчена што имате впечаток дека единствено вашите соучесници можат да ве сфатат.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Истото доживување го имал и Олдос Хаксли за време на својот познат експеримент со мескалинот, додека набљудувал една столица во собата: „поминав неколку минути - или неколку векови - не само лизгајќи со погледот по тие бамбусови ногарки, туку бев и дел од неа - или подобро, бев во неа, или, да бидам уште попрецизен, бев небитие во тоа битие, кое беше столица.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сите испраќаа поздрави од своите познати, а малата Мирјана од Скопје напиша и писмо, само не ми кажа дали до нејзините роднини или до нејзиниот сакан...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Причината Татко најмногу да се задржи на Кочи-беј, другиот, можеби најголемиот, албански јаничар по перо, по Сами-беј Фрашери, кој во својата позната енциклопедија Kamsul` Alam пишувал за османските меморандуми на својот албански сонародник, беше токму споредбата со Монтескје.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како што ја поставува Гибсон својата позната фраза: „Улицата има свој сопствен начин на користење на технологијата”. 38 Margina #3 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И само во таа насмевка во обид таа препозна нешто од својата позната мајка и од топлината што толку ѝ недостасуваше тие неколку месеци.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се приближуваше кон мене со своите познати, брзи чекори.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Сталин? тој, лично! Неочекувано му се јави на овдешниот Централен комитет со својот познат мирен глас, ти кажувам, а јас знаев зошто го стори тоа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Како што ќе заповедаш, војводо! - на својот познат шеговит начин одговори шумарот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дури и на 7 јануари 2008 година – кога Марио Лавандеира, геј-блогер попознат под псевдонимот Перез Хилтон, задоцнето се осврна на предметот и на својата позната озборувачка страница објави многу застарен опис – сè уште многу промислено ги игнорирав барањата да се појавам на Ханити и Холмс, на О’Рајли фактор, на Фокс њуз, на Американ морнинг и на Хедлајн њуз на Си-ен-ен, на Скарборо кантри на Ем-ес-ен-би-си, на Гуд морнинг Америка на Еј-би-си, на Ерли шоу на Си-би-ес и на Тудеј шоу на Ен-би-си.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тогаш ѕидот што ми бегаше се отвори и јас го видов, понеже сакав да го видам него, што можеби и не бил навистина жив факел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Беше завиткан во своите познати крпи, со црвено брадиче и со калуѓерска камилавка на главата каква што некогаш ја носел, во времето на моето детство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Јас на твои години, - ја почна татко ми својата позната приказна што ја раскажува секогаш во такви пригоди...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Ќе издржиш до пет часот додека да се разбудиме, ѝ одговори мајка ми како што ѝ одговара секој пат кога Бреза „ја рецитира својата позната песна“.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сталин? Тој, лично! Неочекувано му се јави на овдешниот Централен комитет со својот познат мирен глас, ти кажувам, а јас знаев зошто го стори тоа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Дојде време Мајка повторно да ја изговори својата позната изрека, замислена крај Татковите книги, тој нена­доместлив монумент на неговото присуство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)