свој (прид.) - позитивен (прид.)

Токму поради своите позитивни резултати во превладувањето на меѓучовечките, социјални, идеолошки, расни и политички недоразбирања, мејл-артот денес веројатно е едно од најзначајните уметнички движења во светот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сопатник на кој својата позитивна духовна енергија безрезервно му ја даруваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Никој не е идеален.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Е, па, - рече мајка ми – научи да ги прифаќаш на ист начин и своите недостатоци и своите позитивни особини, и едните и другите се – ТИ.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Обете мислења имаат свои приврзаници како и свои позитивни и негативни страни.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Спорови околу предимството Во врска со подготовките за Моравската мисија, во науката по­рано се поставувало прашањето за предимството на системот на писмо, т.е. дали Константин прво ја создал глаголицата или кирилицата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ќе отстапи ли, да не даде господ, од своите позитивни стремежи (така љубеше да се изразува), - и тој веќе не беше здрав.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Радува фактот што веќе преку првите одгласи за ова дело, многумина негови оценувачи и на устен и на писмен начин му го соопштиле својот позитивен прием на ЕРВЕХЕ, предочувајќи му на авторот дека токму со ова дело го разгласил својот врвен дострел во прозната белетристика. Дека е тоа така, повелете – слушнете нѐ...! ***
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко уште си ја есапеше својата позитивна варијанта дека двете балкански не на Балканот против советската империја (едното не на Тито за Сталин и, сега, другото не на Енвер Хоџа за Хрушчов), можеби ќе го означат спасоносното да за да се нормализираат југословенско-албанските односи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)