свој (прид.) - пластичен (прид.)

Организери за визит-картички (секоја картичка во својата пластична куќичка), организери за моливи, за адреси и телефонски броеви, за чекови и пари, за текстови, документи, за секој предмет, за секоја намена, за секоја прилика.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- И мене читај ми, - се вмеша Бреза која седеше крај својата пластична шолјичка „со кафе“ и пушеше „мастика - цигара“ со скрстени нозе, имитирајќи ја во сѐ мајка ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Организери за чорапи (секоја чорапа во својот пластичен оддел), организери фустани, организери за чевли, за машни, за накит, организери за пуловери, оние што се расклопуваат со мали картонски полици, и оние големи за капути.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Секој проматар, како што од нив бараше Брчалото, мораше својата пластична простирка да ја постели на горната страна крај плетот што ја оградуваше нивата на Митрета Маторицата, така што проматарите да не бидат распласнати кој каде ќе стигне, туку да бидат во еден ред како под конец.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)