свој (прид.) - официјален (прид.)

За разлика од својата официјална историја во 101 книга, каде Никифор Правдољубивиот сето богатство на имагинативниот талент успешно го стави во служба на величање на непобедивоста и безгрешноста на Царството (со што конечно се избори, по десетгодишно темнување, да го пуштат од затвор), во „Тајната историја“ тој е одмазник, кој и инаку гнилата градба на Царството ја нагризува со отровните сведоштва за неминовната дегенерација на некогашните господари на светот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Македонската интелигенција секогаш кога е надвор од своите официјални работи треба да зборува меѓу себе на централното македонско наречје /велешко-прилепско-битолско-охридско/, кое ќе треба да се воведе во сите религиозни и национални пропагандни и турски училишта како задолжителен предмет.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)