свој (прид.) - особен (прид.)

Зафаќајќи се со овој еден пример, ќе се обидам да опишам како машката геј-култура создава и разработува свој особен начин на чувствување и единствен начин на поврзување со светот преку својата практика на презаземање делчиња од главнотековната култура и на нивно пресоздавање во носители на геј- или на настрано значење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но проблемот не беше да се врати во стварноста, бидејќи таа не ни беше отсутна од неа, туку само на стварноста ѝ пристапуваше со својот особен сензибилитет.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Некои од тие вредности или идеали поврзани со жените се обележани како женствени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Само со целосно прифаќање на самата стигма човек може да го неутрализира осилото и да го претвори во смешно“, заклучува Естер Њутн.191 ‌Еве, значи, уште еден пример кога геј-мажите изгледа дека го искажуваат својот особен субјективитет и дека изведуваат чинови на културен отпор така што канализираат разиграни, хиперболични или будалести претстави на женското страдање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Еден од методите со кои геј-машката култура го разработува и го консолидира својот особен став на општествен и културен отпор е усвојувањето, присвојувањето и преведувањето во машка геј-смисла на одредени вредности или идеали што ѝ се длабоко туѓи на традиционалната хетеросексуална мажествена култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа е сопствен облик на родова нетипичност и во неа се работи конкретно за самите геј-мажи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Колку и да упатува на жените, како што очигледно и прави, таа не е секогаш и суштински за жените.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)