свој (прид.) - омилен (прид.)

Писателот во овој роман за македонската легенда, го проследува детството и младоста, школувањето и вклучувањето во организираната борба на македонскиот народ за изборување на сопствените национални и социјални права и слободи, за создавање на своја сопствена држава, сѐ до трагичната погибија.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во него авторот и се враќа на својата омилена тема, македонската национална историја, односно на еден од најголемите нејзини непокорни синови Гоце Делчев.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Кога добивам желба за такво ѓубре, купувам pop-corn и “Weekly World News”, својот омилен американски весник, се сместувам во фотелја и читам.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Најинтригантен однос со протагонистите Ворхол воспостави во својот среден период.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тие овде се појавуваат како имперсонатори на својата омилена социјална улога, општествената „маска” или разните варијации на таа маска.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ме прашуваа дали ми е добро зошто сум се вратила, и безброј такви директни прашања кои бараа детално објаснение, во мигови кога човек сака да се затвори во собата и да ја чита својата омилена книга.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Јана си ја порача својата омилена сомовина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Утредента Томо веќе беше удобно сместен во својата омилена нишалка во нивниот двор во Куманово.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Фокс ги следеше генетичките инженери онака како што навивачите ги следат играчите на своите омилени игри.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Само тој внимателно го слушаше, како композитор кој ги слуша нотите на својата омилена композиција.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сета оваа пасторална идила нагло исчезнува со појавата на добриот комшија Лари, којшто (привлечен од звуците на другите животински видови) полетно дотрчува во потрага по жртва на којашто ќе ѝ ја раскаже најновата епизода на својата омилена мамутска серија.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Залегнува у својот омилен лигенштул, пали една од оние пури што си ги донесе од Куба и целата атмосфера ја залива со Реми Мартен....
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Или пак, ќе се скрие зад вратата и гласно ќе го џвака својот омилен оброк, трева во сендвич од луѓе.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Меѓу зимските алишта што ги чуваше мајка му здиплени лете под нафталин на дното од креденецот, го пронајде својот омилен сив џемпер, продрснат од носење и закрпен на лактовите, па го оддипчи и сосе нафталинот во него ги завитка цокулите и така стуткан го пикна во раницата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)