свој (прид.) - неуморен (прид.)

Имам раскажувано за тој случај. Со многу зборови, но достоинствено.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ете, гледаш што се случува кога луѓето ќе исчекорат од вистинските настани и ќе тргнат под рака со својата неуморна фантазија и предрасудите?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во овој нечист свет јас си имам засолниште, тоа е мојот олтар од бели орхидеи, а патот до него е послан со розеви и црвени ливчиња од рози, хорот од ангели ја претвара нашата љубов во мелодија за душата, а Купидон на лира ја свири химната на среќата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Оваа душа е кревка, бара љубов, сака да ги скроти своите неуморни амбиции, своите базични емоции, сака да се помири со самата себе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)