свој (прид.) - необичен (прид.)

Доста доби кураж и од даскалот за своето необично решение.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Трново воодушевува со својата глетка, со својата необична панорама.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Подоцна се утврдило дека гостинот од пред 17 години бил истиот и сопственикот на хотелот не само што барал уште потолерантен однос од своите вработени кон својот необичен гостин туку побарал од хотелскиот персонал и да му бидат при рака за секаква помош на Климент Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски на Татко му се исповедаше во својата необична библиотека, како дете пред своите скапоцени играчки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Месечината беше пред мена и, во својата последна полноглавост за тие летни мигови, го исчекуваше својот необичен познајник за весела игра од која собата мирисаше на пресно ископан гроб.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Даниел очекуваше девојката да биде очевидно свесна за својот необичен изглед, и тогаш се сети дека луѓето што им изгледаат необични на другите, тие не се гледаат секогаш себе како необични.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Оние двајца сега се вратија и поседнаа на креветот, а стариот, бригадирот Језекил, загледан во прозорецот, со некаква вратена сериозност, не можеше да не започне еден од оние свои необични разговори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе те следи додека си жив, се сетил за зборовите на дамкавата Фиданка Кукникова на работ на лесновската шума.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе ја натерам да се врати, мислел, зашто немал каде да ја води; таа, со спокојно и некакво чудно безживотно лице од работилница на мајстор што од румен восок може да измеси млада светица, го чекала задуван и зол како човек што е осуден да се соочува на секој чекор со призракот на својата необична младост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)