свој (прид.) - немирен (прид.)

Ниту еднаш во животот тој не обрнал внимание што се одигрува и што се случува секој ден на улица, на што, како што е познато, секогаш ќе погледне токму неговиот брат, младиот чиновник, раширувајќи ја до таа мера проникливоста на својот немирен поглед, што ќе забележи дури и кога некому, од другата страна на тротоарот, му се подраспарале панталоните,  што секогаш предизвикува подмолна насмевка на неговото лице.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Синот негов и личеше и не личеше на него; го потсетуваше на него по својот немирен дух, по своето широко интересирање за таканаречените воншколски дејности - по читање весници, списанија и книги вон лектирата; по својот занес за современата забавна музика; по својата ангажираност во музичката група, каде што не удираше само по тапани ами свиреше и на други инструменти, па другарите го избраа за глава на тајфата; а не го потсетуваше на него по своето непочитување на куќниот ред, по променливиот успех во учењето и по отсуството на секаква сериозност да пројави интерес за некоја наука или струка на која би ѝ се посветил по матурата - освен музиката, се разбира, но не класичната ами исклучиво џезот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Би те кренале неми над своите немирни тежини да те поплави небето со белите трошки на погледот Дали тогаш твоето сонце ќе може да го озвучи кроткиот дожд на тишината Сепак не е зимата румена како нашите образи и не е вистински сетна како здивот на реката Побарај го слапот од надевање во извезената кора на мразот под која тлее жуборот на едно кревко сеќавање
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)