свој (прид.) - некогашен (прид.)

Граѓанинот на бивша Југославија сѐ уште не го заборавил својот некогашен, државен кич, монументалните претстави во кои главна и единствена улога имаше колективното тело.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сотир Паскали зачудено го гледаше својот некогашен професор Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По оваа размисла за идеалистичкиот подвиг на Камилски и кога виде дека ништо не може да промени, освен да појде во Клиниката и да најде изговор за одложување на операцијата за други времиња, Сотир Пасакли со сосем друг тон му се обрати на својот некогашен професор, кога слегоа во холот на хотелот: Јас, почитуван професоре, имам, на крајот на краиштата, и разбирање за Вашата постапка.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски со восхит ќе ги пренесе зборовите на Ромен Ролан за Октомвриската револуција обраќајќи ѝ се на Русија, слободна и ослободителка: Браќа наши од Русија, вашата Револуција нека ја разбуди од сон нашата заспана Европа, заспана во својот горделив спомен за своите некогашни револуции...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бледилото на лицето почна да му се заменува со црвенило, срцето посилно да му чука од напливот на крвта и од возбудата што еве најпосле по толку години пак е во своите мили предели откривајќи си го во нив својот некогашен изгубен лик.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Со тивка, ненаметлива упорност, во залезните години на животот, сакаше да нѐ доближи до својата некогашна одисеја и големите тајни на животот, но тоа го чинеше со многу такт за да не влијае на однесувањето и постапките на своите блиски, потомците.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Го слутеше својот некогашен пријател хирург - пијан, безумен, со усвитена тага на челото.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Оваа патека сега треба да сврти лево, Да почне да се искачува, Да те доведе под едно исушено стебло, Испотен да седнеш крај него, Да се сетиш на својот некогашен дом што веќе го нема, И во воздухот, на светлината што бие откај црквата,
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
За таа цел Александра отпатува до Германија, на сметка на општината којашто, просто, обожаваше да спонзорира презентации на успешната кариера на своите некогашни жители в туѓина.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ме праша што стана со Фискултурецот; му реков дека беше казнет поради тоа што претепал ученик, и дека потем заглави и во затвор, затоа што ги беше претепал и својата некогашна жена и нејзиниот сопруг.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И можел многу често, тој, Змејко, по тоа нивно прикажување, да сети како под својата кожа го носи целиот оној свој некогашен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во меѓувреме, во овој универзум (го цитира својот некогашен ментор кожа крај кожа), ‘квантната теорија е пробабилистичка во предвидувањето на дадениот исход во некој одреден универзум, но е детерминистичка во пропишувањето на оној дел од сите универзуми во кој доаѓа до тој одреден исход’.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Една вечер госпоѓите Нини, препалени, пред својата врата го видоа изобличен својот некогашен чуден потстанар.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ќе бидат многу претпазливи, ако треба, ќе се преправат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа го разбрав многу подоцна, на денот на смртта на Татко, кога за прв пат ми прозборе на француски јазик, навестувајќи ми ја својата некогашна „француска врска“.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Бившиот го избркаа од работа заради грубиот однос кон воспитаничките и го назначија за концерт-мајстор на симфониски оркестар.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Алхен со ништо не потсетуваше на својот некогашен началник.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)