свој (прид.) - невестински (прид.)

Можеби ја крепеше само надежта дека ќе ја дочека својата љубов, својот невестински копнеж, кралскиот офицер, во кралска униформа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Мајка ѝ преплашена, ги остави жените и децата во одајата и бргу отиде отаде кај своите невестински ковчези.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Чекаше. Секоја саботна вечер, таа го отвораше невестинскиот ковчег, ги вадеше, ги ветреење и редеше невестинските шејови: првин својата невестинска руба, сета со чипки и тантели, белата невестинска шапка венче со прозрачен долг вел, белите чевличиња со срмени копчиња.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А утредента, кога зората го покажуваше своето невестинско лице и петлите од четирите страни на селото го огласуваа раѓањето на новиот ден, Бојана ги колнеше и зората и денот, кои сакаа безмилосно да ѝ го грабнат љубениот маж. Ѝ се сакаше таа ноќ никогаш да не се сврши.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)