свој (прид.) - најубав (прид.)

Фјодор се облекува. Го натега на себе своето најубаво одело и се шкропи со својот најубав парфем.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
И ова беше мала калкулација на чувствата, за сметка за задоцнетиот одговор на мојата мајка, која самуваше на балконот со своите најубави цвеќиња во градот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Она исто сонце кое го инспирира и големиот унгарски поет Шандор Петефи да ја напише својата најубава песна „За крајот на септември“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И беше среќен, како во своите најубави денови од младоста.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
-Ова ти е да преживееш додека не почнеш да правиш пари од својата уметност - вели. -Имаш материјали, имаш сѐ.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
За сето ова време додека лежеше во својот најубав можен љубовен чин со Сандра, ова што го доживуваше, како да го потсетуваше на нешто за кое не знаеше што е, но беше тука, во него, нешто кое двајцата ги обземаше и уште поускладено ги спојуваше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)