свој (прид.) - најстар (прид.)

Сега можеше да си го дополни своето семејно стебло кое, некогаш, залудно се обидуваше да го направи, со помош на својот најстар син кој успеа да го состави семејното стебло по Таткова линија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Крсто е старо македонско име, Христо или Ристо исто така.) Ова наука се состоела од виши и нижи науки со степенуван систем на образование, со свои најстари, праисториски владетели кои се викале Зетови а владеењето Зетување.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
А уште првите дни на Задругата, Језекил својот прв внук, што го имаше од својот најстар син, го крсти Сталинче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Стариот железничар одеше од едниот крај на градот до другиот, носејќи ја младата фиданка за најновиот гроб на својот најстар син.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„Но, човекот не можел да ги избори своите најстари и наједноставни поими поинаку туку со соочување на спротивноста со нејзината спротивност, и дури така постепено научил да ги раздвојува двете страни на антитезата и секоја да ја мисли не мерејќи ја свесно во однос на другата.”
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)