свој (прид.) - најмил (прид.)

Пиеја гостите, јадеа, се веселеа, како на свадба, но мајката, ни во овие најсреќни за неа часови не можеше да го заборави своето најмило чедо – Гелето.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тоа августовско утро во Прага чистачите на улиците среќни и весели си посакаа нешто убаво за себе и за своите најмили: едни посакаа да има повеќе пари за пиво, други посакаа пивото да биде студено, трети посакаа децата да им летуваат на Јадран.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
А најмногу, што не може ништо да разбере за своите најмили Неда и малиот Петка, кого го остави во лулката. Што стана со него? Не знае.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ги оставија, и тие се наплакаа до наситка, жалајќи го своето најмило -мајката – чедото, а ќерката – братето Гелета.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Цане, го почнав јас својот најмил разговор.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Така Митре протурка две години во неиздржлива желба за својата куќа, што ја гледа, а не може да влезе во неа, ниту пак може да разбере барем нешто за своите најмили.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Проклет да бидам токму по еден таков празничен ден другарката Оливера Срезоска остана без своите најмили гаќички.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Анасана-аврадана" беше го оставил во конакот, гласот му беше мек, мазен, умилен, дури личеше на родителски, кога човек се разделува со своите најмили: — Ете — рече.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)