свој (прид.) - најголем (прид.)

Во негово време Србија го достигнала својот најголем подем во однос на освојувањето на нови територии.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Дури и своите најголеми потреби тој ги преобратува во ситни пријатни услуги што речиси секогаш се условени со меѓусебна корист.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Дојдовме ли, а? – прашуваат играчките озарени во својата најголема радост. - Да излегуваме?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Добро, можел да промолви и некоја неизречена докрај благодарност; дека например, тој не ги заборава и ваквите услуги на своите пријатели, па и тогаш кога тие и не се ништо друго туку едно големо задоволство.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мил се качуваше кај дувалото и како потајно да се радуваше: со активирањето на вулканот ќе му се даде можност да ја оствари својата најголема желба - да создаде жива материја.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Го гонеше како свој најголем непријател.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Оваа поента ја добива својата најголема важност кога ќе се дојде до тоа да се разлачи она што е едноставно од она што не е едноставно, и во природата и во животот, затоа што ја формира основата на непремостливиот јаз меѓу реалниот свет и нашите модели на тој свет.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)