свој (прид.) - национален (прид.)

Народ без свој Национален Водач е „понижен”, го загубил достоинството (и слични „звучни баналности”, Кавафи).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Малечките балкански државички без церемонија ќе ги земат во свои раце сите доходи од завојуваните делови на Македонија, а Македонците ќе се обрнат во просјаци, откако ќе си ги загубат првин своите национални особини.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Досегашното наше работење, особено востанието, беше необмислена младешка работа, но тоа ни се простува, едно, зашто досега ние бевме млад народ што одвај се проникнува со своето национално самосознание, а друго, зашто досега, не живеејќи како одделна национално-религиозна единица, се наоѓавме под влијанието на разни национални и религиозни пропаганди.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Мањифико “ се претстави со мексикански песни, а Грците со свој национален мелос, кој токму поради тоа беше и потопло примен.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Климент Камилски добро знаеше дека влегуваа во Татковата приоритетна зона на знаењето и затоа го остави Татко да продолжи: Балканците, поттикнати од пропагандата на новата држава, го учат само својот национален јазик на училиште, но го игнорираат јазикот на малцинството крај нив и соседните народи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Македонија веднаш даде согласност за поддршка на Глобализацијата и спроведување на капитал- систем, при тоа сочувувајќи ги сите свои национални обележја, уште повеке од тоа успеа да ги истакне и покаже сите национални културни способности, докажувајки му на светот дека уметноста, црквите, природните галерии кои подзедно ја украсуваат, пештерите кои се своевидна атракција според староста и божјата дарба- сето тоа нема цена што некој може да ја плати!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Освен во македонските емигрантски организации во Бугарија, Македонците во периодот меѓу двете светски војни, политички активно дејствуваа, со многу мали исклучоци, само преку ВМРО-автономистичка, ВМРО (Обединета) и комунистичката партија на Бугарија, Грција и Југославија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Меѓутоа, крајот на војната беше катастрофален по Македонците.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Напоредно со ВМРО (Обединета), македонските револуционери кои ја имаа прифатено комунистичката идеологија, се бореа за своите национални права и слободи, условно до обединување, исклучиво во рамките на комунистичките партии на Бугарија, Грција и Кралството на СХС, подоцна Кралство Југославија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДВИЖЕЊЕТО НА ОТПОРОТ ВО БУГАРИЈА
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Учествувајќи во оваа војна Македонците се надевале дека на крајот од војната ќе успеат да ги остварат своите национални права.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Британската интервенција на 4 декември 1944 ставила крај на надежите на Македонците за исвојување на своите национални права.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Дури се гордеам што сум Македонец, син на еден измачен народ, кој преживеал толку вековни робства и пак не се поддал на непријателот, да го претопи, ами жилаво се држал и се борел за својата национална слобода.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Основната ориентација што се наметнала пред големиот број иселеници од словенско потекло во САД во деновите на почетокот на Втората светска војна била насочена кон јакнењето на напредните иселенички сили и создавањето на една централна организација, која во целост ќе го претставува словенското иселеништво, а со основна задача за ускладување на работата на месните или покраинските одбори и за иницирање нови активности.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Согледувајќи ги, уште при крајот на 1941 година, значењето и помошта од работата на иселеничките групи, Владата на САД го прецизирала својот став во еден документ каде што се истакнува дека „Американската влада дозволува, со оглед на истата воена заднина, американските граѓани, настапувајќи како американски граѓани и со полна лојалност спрема САД, сепак да можат да ги симпатизираат народните барања на земјата на своето национално потекло и да можат да се организираат во знак на симпатии и пријателска помош на таквите тежнеења".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Македонците имаа силно чувство за својата национална посебност.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Имаа свои национални амбиции.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Со паѓањето на Советскиот блок и распадот на поранешна Југославија, 1990-те повторно ги оживеаја крвавите обиди да се „исколчат“ ексклузивни и неспорни државни територии, како остаток од „големата фикција“ на геополитиката на 19 век, имено „дека сите нации имаат право, ако не и судбина, да владеат во свои национални држави, на своја сопствена територија“.17 Историски гледано, границите долго време имаа улога (и се засноваа) на етнички и религиозни разделници. 16 Во овој поглед постојат значајни разлики помеѓу Азија, од една страна, и Африка и Америка од друга.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)