свој (прид.) - музички (прид.)

Ни во сон не сум помислувала дека со својот музички талент можам да завршам како домаќинка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога успева, во постојаната креативна трка со своите музички и академски ангажмани, да пишува толку опуштено и духовито?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Иако Шенбергов ученик, Кејџ своите музички ставови ги изгради врз критиката на некои основни поставки на својот учител, потпирајќи се пред се на оние новини кои во своите дела ги воведоа Веберн и Сати.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Одекнаа во библиотеката звуците на финалето од симфонијата на Бетовен, која авторот ја сметаше како свој музички тестамент за вечен мир, позната како Ода на радоста.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, таа е полна со енергија и бесплатно држи часови по клавир кај свои пријатели, само колку да го одржува во живот својот музички талент.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)