свој (прид.) - мршав (прид.)

Ги слушаше Пискулиев овие жаловити зборови, ја подисправаше некако својата мршава, извиена снага, со клапнати рамена, како да сакаше со тоа да ѝ ја поткрепи верата во себе на таа сиротна жена, и најпосле одговори како што го учеше неговата смирена и блага душа: „Не бери гајле, тетко Спасие, ти само учи го да гледа што правам јас, јас сум ги минал тие патишта”.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Грдан сè почесто одеше во библиотеката, сè подолго седеше во читалната - навраќајќи по инерција на ручек во студентската менза, каде што незадоволните студенти тропаа со лажиците по лимените порции чекајќи го својот мршав оброк.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)