свој (прид.) - мртовечки (прид.)

И во тој момент завриска така што се слушна низ целата шума, уште посилно и погласно отколку тогаш кога бегаше од синот; завриска како жив човек, во длабок страв за својот мртовечки живот; ја протресе ногата, а по лицето веќе му течеа лешински солзи, и одеднаш низ неговите неживи, заматени очи, ококорени од ужас, се искрадна сеништето на човечка свест...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мртовецот не стигна ни да се присобере, самоубиецот веќе беше скокнал врз него; старецот се сепна и одеднаш осети дека остар, огромен нож му влегува во градите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И тука - среде целосната тишина во својата душа - мртовецот одеднаш почувствува ужасен страв за својот мртовечки живот; дури почувствува удар на своето умрено срце.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но се покажа дека Вадим не само што се сепна туку и во брзината го дофати татка си за грло, и тоа беше снажен машки стисок.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Одеднаш тој го забележа лицето на Џулија на неколку сантиметри од своето мртовечки бело, бело како креда лице.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ни сокот од портокали, ни сувото грозје, ни скапоцените јадења готвени од најдобрите готвачки, ни турските, дури ни виенските еќими не можеа да ѝ помогнат на момата, да се поправи и да го измени своето мртовечко бледило од лицето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ама што ќе се снајдам кога јас еве лежам во својот мртовечки сандак под земјат и сега останува да дојдат тие претставниците на оној свет, на Бога или на подземјето и да прават што ќе прават со мене.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)