свој (прид.) - многуброен (прид.)

Еротизмот му е близок на животот, поблизок од филозофијата или од било што слично.”
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Мојот дом е меморија е текст е приказна 43 Насловот на мојот текст, “Децентриран Дом”, е рефлексија на вашата тема (им вели волкот на прасињата фатен во сателитските микрофони на ловецот кој на своите многубројни екрани посматра...).
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Анаграмот на анаграмот не само што го изедначува животот со Еросот (земен во сите свои многубројни алхемиски и митолошки значења) туку и Еросот со Невестата (сфатена и во егзотеричното и во езотеричното значење), бидејќи Rrose (Невеста) е живот (Ерос).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Што да додаде од своите многубројни козметички средства врз меката кожа?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Се гордеат и со спомените што ги остави селското културно-уметничко друштво кое со своите многубројни настапи низ цела Албанија и учеството на разни фестивали во земјата ја ширеше македонската песна и оро.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Навистина, идат Евреи и во овој град како по сите градишта, но не во тој нивни празничен ден во кој што не работат, ами ја прибираат вересијата од своите многубројни муштерии.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Татко ми ревносно си ја вршеше својата работа, главно врзана за преведување стари документи од отоманското време од XVI до XIX век, значајни за сите на овој дел на Балканот, документи што самиот ги откри при едно од своите многубројни трагања...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)