свој (прид.) - мирен (прид.)

Со тоа, се чинеше, наслебата поделена на два дела, на христијански, што го чинеа потковичаните и Акиноските, и на турски, што го чинеа чифлизите, дефинитивно го доби својот ропски изглед и дефинитивно го заживеа својот мирен ропски живот, на кој никој, ниту поробените ниту, пак, поробувачите не можеа да му го предвидат крајот, па, упатени едни на други, заеднички го изградуваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Плачот на времето ја оплодува осамата, безпоштедност и нечуен восклик, а јас, јас ѝ се смеам на насмевката и на смртта која доаѓаше непоканета со својата мирна совест.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Не стигнувам ни да помислам што јас, малечкото девојче, од својата мирна крајбрежна променада, барам тука, на највисоката карпа, кога притисната врз врелата острина на каменот, ме облева еротското задоволство.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И додека слободарскиот Лос Анџелес тоне во својот мирен сон за којшто животот го положија најдобрите синови на неговите народи и народности, месечевите зраци нежно паѓаат на камените плочи на холивудските гробишта, откривајќи ги имињата на некогаш живите луѓе што тој сон го создале: Рудолф Валентино, Џејн Мејнсфилд, Даглас Фербанкс, Мел Бланк, Питер Лоре, Сесил Б. де Мил...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Каде да се избега кога најбогатата злосторничка организација те бара со своите мирни и далекусежни прсти?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во случајов бев убеден дека натрапникот од предмалку никогаш се нема соочено со проблеми слични на моиве.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Затоа и некој чудак, кој шета во близина, или пладнува во својата мирна чувствена градина при случај на отворена врата наеднаш ќе се вознемири и притоа неосновано ќе го оцени нашето однесување како недопустливо.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Палестинците преговараат со Американците во Магребија! И тоа ќе мине. Та што не минало во Картагина!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И така се случи стариот градинар на Картагина, Раиз, прв да ме извести за почетокот на палестинско-американските разговори во Картагина. На свој мирен, едноставен начин.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Марија ѝ изгледала многу смирена последниот пат кога ја видела, малку здебелена и задоволна со својот мирен живот во некогашниот манастир.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
(Доколку оваа приказна се случува во Белград, тогаш тоа е на улицата Крал Петар број 6, во градината на крчмата Знак прашалник.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)