свој (прид.) - мајчин (прид.)

Знаеше дека е забрането, ама кога налутен од нешто опцу на тој свој мајчин јазик и малку поднапиен запеа в кафеана „Слушам кај шумат буките...”, додуша тивко, ама доволно гласно за да го слушнат некои, на шест месеци го пратија во казнена единица во еден од логорите на сувите острови во Егејското Море.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се разбира потврди Татко, но најмногу на ум го имал својот мајчин албански јазик чиј реформатор бил, ја употребил првата латинска азбука, која ќе биде конечно прифатена како конечна албанска азбука на Конгресот во Битола во 1908 година.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски беше фасциниран од личноста на Фаик Коница, му кажуваше на Татко дека и тој би бил на негова страна, бранејќи го својот мајчин македонски јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Својот мајчин османскотурски јазик во Цариград, тој го продлабочи и прошири, навлезе, како во стариот архаичен јазик, така и во новиот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Фаик Коница со уверливи аргументи, достојно ја бранеше еволуцијата на природните јазици стари со илјади години, имајќи го предвид својот мајчин јазик.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На 10 август 1947 година, Главниот штаб на ДАГ (Грчка ослободителна армија) ги призна Македонците како посебно национално малцинство со право да отвораат училишта на свој мајчин јазик.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Господине поручнику”, вика на својот мајчин јазик кон старешината на групата во униформи на вермахтот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Условот за жителство во овој замок беше преведувањето на еден автор од француски јазик на својот мајчин или друг јазик.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Јас, матрица, матка, матерка, модра, мадра, мудра матрона од Другиот свет (не, овој никогаш не ми бил доволен!) ти повелам: влези во морето не мисли на немоќта оти никогаш не знаеш колку ќе издржиш и во болот, и во ужитокот пливај до кајшто гледаш а гледај далеку, секогаш подалеку јас глаголам задумно на 'ртот зборувам на својот мајчин јазик (о, какво олеснување, каква удобност!) и сила ти давам а не утеха!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Но тие, покрај мајчиниот, веќе говорат и два-три јазика, си ги пренесуваат своите мајчини јазици една на друга.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)